При контрола на пченица од увоз на граничните премини, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија утврдила зголемена концентрација на тешки метали над дозволените граници, кои се пропишани со Правилникот за општите барања за безбедност на храната.
Се работи за пет пратки со пченица со вкупна тежина од 330.220 килограми, по потекло од Република Србија, набавени од два различни добавувачи.
Согласно законските процедури, целокупната количина на сомнителната пченица се наоѓа под надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство на местото на истовар и таа е забрането да се пушти во промет. Испратени се мострите од сите пет пратки на лабораториско испитување, а од увозниците е побарано дополнително лабораториско испитување, односно, суперанализа.
Лани над 20 тони пченица со олово заврши како добиточна храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Прилепските земјоделци на протест: Домашната пченица скапува по амбарите, а државата откупува српска (видео)
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)