| четврток, 6 декември 2018 |

Две нови инвестиции на МЕПСО вредни 4 милиони евра

Две инвестиции во вредност од 4 милиони евра стави во функција А.Д. МЕПСО во преносната мрежа.

trafo

По тој повод,  денеска премиерот Никола Груевски и генералниот директор на МЕПСО, Синиша Спасов, ги ставија во функција новиот 400/110 киловолтен енергетски автотрансформатор во трансформаторската станица Скопје 5 и реконструираниот 110 киловолтен далекувод што преку оваа трансформаторска станица ги поврзува Скопје и Куманово.

Првата инвестиција, вредна 2.7 милиони евра, е новиот киловолтен енергетски автотрансформатор кој ќе обезбеди стабилни напонски прилики на конзументите и ќе го зголеми квалитетот на електричната енергија, а значајно ќе ја зголеми стабилноста на преносната мрежа и снабдувањето со електрична енергија.

Втората инвестиција што денеска свечено се стави во функција е реконструираниот 110 киловолтен далекувод Скопје-Куманово. Со реконструкцијата на овој далекувод се овозможува стабилна работа и подобрување на квалитетот на снабдување со електрична енергија, како и зголемена доверливост на електроенергетскиот систем. Вредноста на оваа инвестиција е 1.3 милиони евра.

Оваа енергетска врска ќе претставува солидна енергетска инфраструктура за идни бизнис ка пацитети кои ќе се градат во околината на Куманово или во Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top