| четврток, 6 декември 2018 |

Жељко и Јована се вселија во луксузен стан во стариот дел на Белград

зелко

После шест месеци потстанарски живот, Жељко Јоксимовиќ, неговата сопруга Јована и нивниот четвромесечен син Коста се вселија во својот луксузен дом во населбата Оаза на Звездара.

Популарниот пејач дал повеќе од 100.000 евра за реновирање, а целата недвижнина е беспрекорно средена и во целост подредена на новиот член на семејството.
стан

Според пишувањата на српски Курир, нивиот нов простор се простира на 150 квадрати, во чиј склоп се наоѓаат голема дневна соба, две кујни, голема тераса, детска соба и три големи соби за гости.

– Пред една година Јована и Жељко го купија станот на својот комшија бидејќи сакаа да го срушат ѕидот и да го прошират постоечкиот станбен простор. Кога дознаа дека ќе добијат бебе, веднаш почнаа со планови како да изгледа животниот простор кога ќе дојде приновата. Поради реновирањето тие повеќе од половина година живееја како потстанари во стан од 100 квадрти на Дедиње, за чие изнајмување плаќале по 1.000 евра- вели изворот за Курир.

 

 


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top