Прометот во индустријата во мај годинава во однос на мај лани е зголемен за 9,5 проценти. Во првите пет месеци од годинава, во однос на истиот период лани прометот во индустријата бележи пораст од од 9,9 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во мај споредено со април годинава статистика евидентира пораст на прометот во индустријата за 0,9 проценти.
На домашниот пазар прометот во индустријата во мај годинава споредено со мај лани бележи пораст за 3,6 проценти, а на странски пазари од 11,8 процент.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во мај оваа година во однос на мај лани бележи опаѓање од 28,4 проценти, а во преработувачката индустрија пораст од 12 проценти.
Според главните индустриски групи, прометот бележи пораст кај капиталните производи за 32,9 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,3 проценти, а опаѓање кај енергија за 97,5 проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 3,5 проценти и трајни производи за широка потрошувачка за 0,1 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.