| четврток, 6 декември 2018 |

Тајфун на Филипините однесе десет животи

filipini-tajfun-nari-epa

Најмалку десет луѓе загинаа од ударот на тајфунот Рамасун на Филипините, каде што се евакуирани повеќе од 370 илјади лица. Освен евакуацијата, тајфунот предизвика и затворање на берзата, канцелариите и училиштата во главниот град Манила и ширум земјата, соопштија официјалните лица.

Најмногу настрадаа луѓето кои живеат на главниот остров Лузон, каде што тајфунот рушел дрвја и електрични столбови. Патиштата се блокирани од рушевини, срушени дрвја и електрични столбови.

Филипинскиот Црвен крст соопшти дека штетата во главниот град е минимална, но дека спасувачите се обидуваат да ги извадат луѓето кои се под рушевините во Батангас Сити, каде што две лица настрадаа од струјниот удар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top