– Ние подадовме рака, штета е што СДСМ донесе лоша одлука. Сепак, до недела остануваат уште неколку дена. Верувам дека ќе размислат добро за тоа да донесат праведна одлука и да не се вметнува земјата во непотребна политичка криза, да не се креираат проблеми и да останеме на патот на евроатлантските интеграции, на развој на економијата и да им понудиме на граѓаните програма и проекти врз база на кои ќе имаат можност да донесат соодветна одлука- изјави Ставрески по денешната промоција на безготовинско плаќање за нови лични документи.
На новинарско прашање дали очекуваат некои од кандидатите за градоначалници да поднесат листи и покрај одлуката на ЦО на СДСМ, Ставрески потенцира дека нивно е да создадат услови и да овозможат, иако изборните рокови течат, со направениот чекор за измени во Изборниот законик, опозицијата во целина да поднесе кандидатура, а дали тоа ќе се случи зависи од нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.