Победникот на „Икс-фактор“ вели дека му е особена чест што соработува со белградскиот диџеј John Jogurt и дуото „Calavera & Manya“ со кои заедно ја создадоа химната за овогодинешниот „Лав фест“ (Heineken Lovefest 2014) . „Love Stimulation“ на Даниел Кајмакоски е песната која ќе го обележи овогодинешниот фестивал кој 7 до 9 август ќе се одржува во Врњачка Бања, Србија.
– Можам да кажам дека би беше особена чест и задоволство да соработувам со исклучиво талентирани луѓе како што се Calavera/Manaya и John Jogurt. Ме прави горд тоа што имав прилика да бидам дел од овој проект и тоа што оваа песна е избрана како официјална химна на овогодинешниот фестивал. Сметам дека љубовта е движечка сила не само меѓу луѓето туку и во целиот Универзум и се надевам дека оваа песна ќе помогне луѓето да се потсетат кои сме и зашто сме овде – вели Кајмакоски.
Осмото издание на фестивалот на љубовта ќе пречека дел од водечките претставници на светската музичка сцена, како хаус ѕвездата Ерик Приц, британските диџеи Марк Најт и Џејмс Забиела, како и претставниците на техно сцената на Детроит, Џеф Милс, Роберт Худ и Кени Ларкин. Меѓу огромниот број изведувачи кои доаѓаат од сите страни на светот се наоѓа и холандскиот диџеј Том Траго, германското дуо „Tiefschwarz“, норвешкиот суперстар Finnebassen, Доктор Дру, како и сопственикот на реномираниот „Novel Sound”, Левон Винсент. Македонски претставник на овој извонреден фестивал ќе биде одличниот Гоце САФ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.