| четврток, 6 декември 2018 |

Супер татко ја направи ќерката принцеза

тато

Џеремаја Хитон од местото Абингдон во американската сојузна држава Вирџинија си присвои парче земја меѓу Египет и Судан и прогласи „кралство“ на таа територија, со цел неговата седумгодишна ќерка Емили биде „вистинска принцеза“.
Пред неколку месеци Хитон играл со Емили и таа го прашала дали некогаш ќе може да биде вистинска принцеза.
– Тогаш незнаев како да и ја исполнам желбата, но знаев дека морам да најдам начин – напиша Хитон на својот профил Фејсбук.
Потрагата за решение го довело до Бир Тавил, подрачје меѓу Египет и Судан, кое поради разни конфликти веќе некое време е „ничија земја“. Ова планинско подрачје е едно од последните делови на Земјата кое нема „сопственик“.
Хитон во јуни во Бир Тавил поставил знаме на „Хитоново Кралство“ кои го изработиле неговите деца.
Кога се вратил дома побарал од сите на неговата седумогишна ќерка да и се обраќаат со „принцеза Емили“. Тој и неговата сопруга Кели на „принцезата Емили“ и купиле и круна. Хитон најави дека ќе бара „формално признавање“ од африканските земји и дека е уверен
оти ќе биде сериозна сфатен.
Шилија Карапико, професор по политикологја и меѓународни студии на Универзитетот во Ричмонд вели дека најверојатно Египет и Судан мораат да го признаат барањето на Хитон како легитимно. Претставниците на египетската и суданската Амбасада во САД засега не го коментираа овој случај.
Принцезата Емили за „Бристол Херлад Кариер“ изјави дека се грижи дали децата во нејзиното „кралство“ имат доволно храна.
Не е познато дали и другите две деца на Хитон, Кејлеб и Џејсон ќе ги понесат титулите принцови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top