| четврток, 6 декември 2018 |

Кој гори најмногу?

Околу 68 отсто од луѓето преферираат да останат надвор во периодот од 11 до 15 часот кога сонцето е најсилно. Затоа, две третини од јапонските жени секое лето добиваат изгореници на лицето, открива истражувањето на меѓународниот бренд „глосибокс“ (Glossybox) спроведено на 13.831 луѓе. Во истражувањето биле вклучени шест земји, Јапонија, Германија, Франција, Шведска, Велика Британија и САД.

Германките претпочитаат да одат во солариум. Речиси 70 проценти од нив го користеле барем еднаш, а само 10 отсто добиле изгореници. Најмногу од сите на бронзениот тен не можат да оддолеат  француските жени и  77 проценти се чувствуваат попривлечни кога се поцрнети.

На кожата најмногу внимаваат луѓето со светол тен, особено оние во Велика Британија и САД. За речиси 66 отсто од Британците е важен производот со заштитен фактор, како и за 94 проценти од Американците. Грижа вклучува и заштита на косата од УВ-зрачење. Тоа најмногу ги загрижува Швеѓанките, кои покрај лосион за кожа, 49 проценти  користат  и лосиони со заштитен фактор за коса.

И покрај постојаните предупредувања, речиси 78 проценти никогаш не била на дерматолог за проверка на младежите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top