Холанѓаните неодамна почнаa кампања во која ќе учествуваат сите што веруваат дека можат да издржат 99 дена без најпопуларната друштвена мрежа на светот.
Тоа е еден вид одговор на контроверзните и ненајавени истражувања кои неодамна беа спроведени од страна на „Фејсбук“.
Проектот е наречен „99 дена на слобода“, а целта е да се проучува како оттргнувањето од „Фејсбук“ влијае врз корисниците кои се зависни од оваа мрежа.
Секој корисник што се чувствува доволно храбро може да учествува, а доволно е да го посетите официјалниот веб-сајт и да го симнете аватарот со помош на кој ќе им кажете на вашите пријатели дека во следните 99 дена го оставате „Фејсбук“.
Во овој експеримент во моментов учествуваат над 15.000 кандидати, а водичите на кампањата за време на експериментот редовно ќе испраќаат прашалници во кои учесниците ќе го споделуваат искуството од апстиненцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.