| четврток, 6 декември 2018 |

Воз излета во московското метро – најмалку еден загинат, а десетици се повредени

metro2

Железничка несреќа се случи утрово во метрото во Москва. Според првичните информации на руските медиуми, најмалку еден загинал, а десетици се повредени.

Несреќата се случила откако најмалку три вагони излетале од шините на линијата Арбатско-Покровскаја, на 200 метри пред станицата Славјански Булвар.

Спасувачките екипи и пожарникарите ги евакуираат луѓето од возот кој е заглавен во тунелот меѓу станиците.

Засега нема информации за причините за несреќата. Се претпоставува дека биле повлечени рачките за кочење во итни ситуации.

metro moskva

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top