Кога е променливо времето или се високи температури, чајот сигурно повеќе освежува отколку газираните пијалоци или засладени сокови, но не треба да се разладува со мраз или во фрижидер, бидејќи телото побавно се адаптира на високите
температури кога се пијат ладни напитоци.
За заштита од инсекти, изгореници од сонце, како и од инфекции, се препорачува чај од невен, во кој по желба може да се додаде и малку нане и босилок наместо шеќер.
Филџан чај од липа дневно е добар за нервниот систем, го намалува стресот и несоницата. Чајот од нане разладува подобро отколку било кој леден пијалок, посебно ако се додаде свеж сок од исцеден лимон. Освен антисептичкото дејство, оваа билка ги намалува проблемите со желудникот и добро делува на дишните патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.