Гледањето боја која се суши најчесто се наведува како најздодевното нешто кое може да го правите, но на доктор Томас Карвен тоа му е секојдневна работа.
Тој не се согласува дека тоа е најздодевната работа, па дури е и многу страствен во врска со неа, пишува „Бизнис Стандард“.
Доктор Карвен веќе четири години ја истражува бјата за фирмата „Dulux“. Таа работа ни малку не е здодевна за 34-годишниот научник од Твајфорд во Беркшир. Внимателно го следи менувањето на бојата и нејзините ситни честички во текот на сушењето, бидејќи тоа е она што гарантира квалитетен производ.
– Ние сме страстни во врска со квалитетот на нашите бои во „Dulux“. Тоа значи дека поминуваме многу време гледајќи ја бојата како се суши под микроспкоп, изјави доктор Карвен.
Честичките боја под микроскоп не се ни најмалку здодевни – различни интересни процеси се случуваат цело време. Еден литар боја соодржи милиони милијарди честички – повеќе од што има ѕвезди во Млечниот пат – кои можат да бидат големи како човечка коса и стотина пати помали од тоа.
– Обидете се да замислите колку животот би ни бил здодевен без шарени бои. Нашата грижа боите долготрајно да останат со ист квалитет им овозможува на луѓето да бидат задоволни во нивните домови и на нивните работни места. Иако се чини како неважна работа, бојата игра голема улога во нашите животи, изјави доктор Карвен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.