Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска упати честитка до претседателот на Германија, Јоахим Гаук по повод освојувањето на титулата светски фудбалски првак.
– Ми претставува особено задоволство во името на граѓаните на Република Македонија и во мое лично име да Ви го честитам освојувањето на титулата светски првак, по четврти пат во богатата фудбалска историја на Германија. Освојувањето на светската фудбалска круна е доказ за врвниот квалитет, сплотеноста и прекрасната атмосфера што владее во репрезентацијата. Впрочем, јас и пред почетокот на првенството сметав дека Германија е фаворит, поради односот кон фудбалот, посветеноста, упорноста и дисциплината, стои во честитката.
Се надевам, посочува Иванов, дека не е далеку денот кога нашите две репрезентации ќе сесретнат на едно Европско или Светско првенство, што е желба на огромен број на фудбалски вљубеници во Република Македонија.
– Испраќајќи уште еднаш искрени честитки до Вас и до пријателскиот германски народ, Ве молам да ги примите изразите на моето највисоко почитување, се вели во честитката на Иванов до Гаук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите
-
Мицкоски го честита Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите
-
Мицкоски со честитка до припадниците на АРМ: Нашите војници ги исполнуваат највисоките НАТО стандарди!


