| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Цеца ужива во љубовта со нејзиниот дечко

коста

Низ белградската чаршија пред неколку дена се пренесе веста дека Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот дечко Костадин Терзиќ се скарани, но сето тоа падна во вода.

Цецината ќерка на Фејсбук постави фотографија на која го бакнува синот на Звездиниот функционер Звездан Терзиќ, Костадин , со што потврдува дека тие двајцата и понатаму се во врска.

За потсетување, пред неколку дена се појави веста дека Анастасија и Костадин се нападнати, како и лажната инфомација дека овој пар е во кавга, што го демантираше и фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, мајка на Анастѕасија.

– Некој со денови се обидува да ја изврти вистината  и нападот на Анастасија и Костадин го прикаже како нивна кавга. До кавга никогаш не дошло. Костадин е прекрасно дете и никогаш не кренал рака на мојата ќерка. Единствено што е важно е дека тие двајца беа физички нападнати и дека од напаѓачите ги одбранил Звездан – рекла за Телеграф.рс, пејачката.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top