Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стока, при што се запленети и привремено задржани сребрен накит, различни видови текстилни производи и фалсификати. Задржана е следната стока:
Сребрен накит
– 24 парчиња сребрен накит (прстени, обетки, привезок), откриени на граничниот премин Богородица, при претрес на патничко возило со бугарски регистарски таблички, управувано од бугарски државјанин, кој се пријавил за излез од државата. Непријавената стока е пронајдена во патна торба, во просторот наменет за багаж во возилото.
Текстилни производи
– 239 парчиња непријавени машки и женски дуксери, откриени на царинската испостава Гевгелија, при контрола на текстилна стока пријавена за привремен увоз за облагородување. Стоката била натоварена во товарно моторно возило со македонски регистарски таблички, наменета за увозник од Гевгелија, произведена во Република Македонија, а вратена за дополнителна поправка.
– 72 парчиња кошули, откриени на царинската испостава Штип, при контрола на текстилна стока пријавена за извоз од државата, од страна на извозник од Штип. При контрола на стоката – машки кошули, покрај пријавената пронајдена е и наведената непријавена стока.
Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост:
– 1632 парчиња дезодоранси со ознаки на заштитени трговски марки, откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно возило со турски регистарски таблички, пријавено за влез во државата. Возилото било натоварено со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово. Пазарната вредност на сомнителните дезодоранси е проценета на околу 250 илјади денари, доколку би се продавале како оригинални.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.