Триесет и деветгодишниот Г.Ш.И. од Унгарија е параглајдеристот што вчера загина во Љубаниште, Охрид.
Според Министерството за внатрешни работи, вчера напладне, околу 12.30 часот, летајќи над автокампот „Љубаниште“, Унгарецот од засега непознати причини загубил контрола и паднал во Охридско Езеро, при што починал на самото место.
Врз телото на загинатиот е извршена обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.