| четврток, 6 декември 2018 |

Нема купувач за српскиот „мерцедес“

mercedesИ по четири месеци откако првиот српски „мерцедес“ излезе од производство од фабриката „Икарбус“, за него не е најден купувач. Според генералниот директор на „Икарбус“, Александар Вичентиќ, освен прототипот, не е направено ниту едно ново возило, а засега единствениот српски „мерцедес“ се наоѓа на хомологација, на тестирање во овластена лабораторија. Вичентиќ истакна дека основен виновник е кризата, но, сепак, додаде дека постојат шанси првите порачки да стигнат до есен. Договорот за деловна-техничка соработка меѓу „Икарбус“ и „Мерцедес“ ќе биде потпишан откако ќе се најде првиот купувач, потенцира Вичентиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top