| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ: незадоволство од Могерини, била мека кон Русија

mogheriniГрупа источноевропски држави во последен момент почнаа обиди за блокирање на изборот на италијанската министерка за надворешни работи Федерика Могерини за шеф на дипломатијата на Европската унија, објави „Фајненшл тајмс“. Овие земји, според британскиот весник, го обвинуваат Рим дека нема доволно тврд став кон Русија.

Кампањата против Могерини ја водат Естонија, Литванија, Летонија и Полска, кои поддржуваат строги санкции кон Кремљ. Нивната кампања почна на стартот од овој месец кога Могерини го покани рускиот претседател Владимир Путин на средба на европските и азиските лидери во октомври во Милано. Могерини за викендот доби партиска поддршка за избор на функцијата висок претавник на ЕУ за медворешна политика и бебзедност од двајцата европски левоцентристички лидери – италијанскиот премиер Матео Ренци и францускиот претседател Франсоа Оланд.

Но, Могерини треба да добие поддршка во Европскиот парламент, каде расте отпорот против неа, пред се меѓу десноцентристилите пратеници, кои сметаат дека таа нема доволно искуство, бидејќи е министер за надворешни работи на Италија од февруари годинава. „Фајненшл тајмс“ наведува дека за именувањето на висок претставник на ЕУ за надворешна политика ќе се разговара в среда.

Според дипломатите, ако кандидатурата на Могерини биде блокирана, најверојатно ќе отпаднат и другите двајца кандидати за оваа функција – полскиот и шведскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски и Карл Билд, кои имаат цврсти ставови кон Русија. Тогаш консензуален кандидат би можела да биде претставничката од Бугарија, Кристалина Георгиева, која претендира за функцијата еврокомесар за хуманитарна помош, наведува весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top