| четврток, 6 декември 2018 |

Почина диригентот Александар Лековски

hitportal-aleksandar-lekovski-260x145

По кратко боледување, во 80. година од животот почина великанот на македонската музичка уметност Александар Лековски-Лекај (1933-2013)

Маестро Александар Лековски, кој за пошироката јавност беше познат и по прекарот Лекај, е роден во 1933 година во Ниш. Дипломирал на Одделот за диригирање на Музичката академија во Белград, во класата на Живоин Здравковиќ, каде што ги завршил и постдипломските студии. Специјализација со студиски престој завршил во Рим и во Милано. Покрај неговата матична професија, диригирањето, како што и самиот знаеше да ја опише, негова најголема љубов, но и покрај неговата втора љубов, компонирањето, во општествената дејност на маестрото се вбројуваат и други активности со кои тој исклучително придонесе за развојот на македонската музичка култура. Лековски беше директор на Операта и балетот при тогашниот Македонски народен театар, беше директор на Македонската филхармонија, беше прв диригент во Операта и балетот во Белград, потоа главен диригент на Хорот на Македонската радио-телевизија, а композиторската и диригентската фела го памети и како претседател на Сојузот на композиторите на Македонија, на Здружението на диригентите на Македонија, на Сојузот на музичките уметници на Македонија, на Музичката младина на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top