| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку трикови за жежок стриптиз

Стрипризот е одличен подарок кој со сигорност ќе му се допадне на вашиот партнер. Мажите не се срамат да признаат дека фантазираат за тоа како партнерката ги заведува ссоблекување. Еве неколку совети како заводливо да се соблечете во жешка атмосфера.

Светлото оставете го запалено
Доколку не се чувствувате удобно во својата кожа, можете да запалите неколку свеќички или да го пригушите светлото. Стрипиз во мрак, нема да има никаква смисла, од совршено тело поважна е самодовербата.

Намачкајте се
Телото намачкајте го со некое миризливо масло, брадавиците истакнете ги со малку руж.

Испланирајте што ќе облечете.

Стриптизот често е спонтан, па затоа тоа што го имате на себе не е секогаш најпривлечно. Меѓутоа, доколку планирате да го изненадите вашиот партнер со жежок танц, тогаш добро размислете за некој костум (полицајка, келнерека, медицинска сестра …)

Одберете добра музика
Сигурно сте доволно креативни за да можете да изберете песна, која веќе е преслушана како на пример, “You Can Leave Your Head On” Joe Cocker. Најважно е да го чувствувате ритамот на музиката. Еве ви наш предлог на музика : “Purple Rain” од Prince, “Fever” од Madonnа, “Flashdance” од Deep Dish, “Dirrty” од Christina Aguilera, “French kiss ” од Lil Louis, “Pony” од Ginuwine, “Love To Love You Baby” или “I Feel Love” од Donne Summer.

Бидете неуредни

Секако дека е во ред ако пред стриптизот го средите малце станот, но за време на танцот , уредноста треба да ви биде на последно место. Не обрнувајте внимание на тоа каде ги фрлате вашите облеки и дали се е на место, едноставно препуштете се на моментот.

Бидете привлечни
Ова е првило кое е лесно да се каже ,но малку потешко да се примени. Кога ќе почнете да играте, движете се горе -доле, фаќајте ја косата, отфрлајте ја, провоцирајте, соблекувајте се полека.

Допирајте го
Мазете го на местата, кои го излудуваат вашиот партнер. Почнете нежно да го бакнувате по неговите усни, врат и полека спуштајте се надоле.

Правила кои не треба да ги прекршите
Бр.1 Во секој момент, вие можете да го допирате, но за него секое допирање е забрането. Може само да гледа и да ужива.
Бр.2 Гледајте го во очи, нема срамежливо гледање во под или на страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top