| четврток, 6 декември 2018 |

Езел ќе лежи 17 години во затвор

Популарниот турски глумец Кенан Имирзалиоглу, познат по улогата во серијата „Езел“ минатата година беше уапсен во акцијата на турската полиција за разбивање на трговија со дрога.

Обвинението за поседување, но и дистрибуирање на дрога против  (40) и уште 20 лица приведени во минатогодишната рација на турската полиција, конечно е официјализирано.

Иако уште од почеткот на скандалот, невиден во турскиот шоу бизнис, се веруваше дека јунакот на сериите „Езел“ и „Карадај“ поради своето име и славата ќе се извлече од процесот, но изгледа дека правдата на Босфор сепак не е слепа.

Тамошните правници порачуваат дека, доколку се утврди дека е виновен, на Кенан му се заканува затворска казна од шест до максимални 17 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top