| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен извозот од ТИР-зоните

kamioni-kolona-guzva-1344421449-195543Извозот од зоните во првите шест месеци изнесува над 550 милиони евра и повеќе од двојно е зголемен во однос на првите шест месеци од минатата година.

Директорот на Дирекцијата за индустриско-развојни зони Виктор Мизо изјави дека ова пред се се должи на фактот што имаме нови компании кои се функционални, и кои во тој период минатата година се уште не работеа.  –  Пред се, додаде, тука е „Ван хул“ во „Скопје 2“, тука е „Џонсон Контролс“ во „Штип“ и втората фаза на „Џонсон Мети“ во „Скопје 1“, но истовремено и многу поголем обем на производство на „Кемет“ во првото полугодие од оваа година во споредба со минатата година.

Истакна дека само „Џонсон Мети“ секој месец го зголемува своето производство и го руши својот рекорд од претходниот месец во однос на извозот, како најголем извозник.

Секој месец „Џонсон Мети“ го зголемува своето производство и го руши својот рекорд од претходниот месец во однос на извозот, како најголем.

– Ако се гледаат заклучните бројки од минатата година, компаниите од зоните имаа удел од речиси 25 проценти од вкупниот извоз во државата и гледајќи ги овие бројки очекувањата се дека оваа година тие ќе имаат дури и поголема контрибуција во вкупниот извоз. Но, се зголемува и додадената вредност, значи разликата помеѓу извозот и увозот и она што мене ме радува е кога се гледа дека на ниво на државата покриеноста на увозот со извоз од година во година расте, а една од основните причини за ова се токму овие компании и странските директни инвестиции во нови производствени капацитети во државата, изјави Мизо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top