Викторија Азаренка спечали најмногу пари од стартот на тениската сезона која влегува во третиот месец, а контото и е побогато за 2,9 милиони долари. Или, во просек по милион и пол долари за секој месец. Белорусинката е на врвот на листата според заработката, не само во женска конкуренција. Таа е и пред Новак Ѓоковиќ кој има најмногу приходи кај мажите, точно 2,6 милиони долари. Сумите се големи, а главната заработка стаса од Австралија опен, каде Азаренка и Ѓоковиќ ги одбранија титулите. На првиот гран-слем во годината победниците добија по 2,43 милиони долари.
Енди Мареј и Ли На се на втората позиција со по 1,36 милиони заработка, а зад нив се Давид Ферер и Сара Ерани со 741 илјада, односно со 745 илјади долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст