| четврток, 6 декември 2018 |

Дали стопалото и пенисот се поврзани, дали слабеете од секс – мит или вистина

seks

Повеќето од нас научиле најразлични работи за сексот и тоа од пријателите, од телевизија, интернет или од училиште. Некои работи сте ги научиле и од искуство. Но, иако постојат многубројни тврдења врзани за сексот, повеќето од нив воопшто не се точни. Еве ги најчестите митови врзани за сексот и откријте колку се точни.

Големо стапало, голем… 

Многу луѓе мислат дека врз основа на големината на стапалата, дланките или на носот можат да ја одредат големината на пенисот на мажот. Во науката постои објаснување за оваа поврзаност, а тоа се вика ген „Хокс“. Тој игра голема улога во развојот на прстите, пенисот и клиторисот кај жените. Ако тој ген ги контролира повеќето од овие делови, тогаш може да влијае и на пенисот, нели?

Но не постои сигурен доказ дека мажите што имаат големи стапала, имаат и голем пенис. Во студијата во која биле вклучени 63 мажи, пронајдена е мала корелација меѓу големината на пенисот и стапалата, како и големината на пенисот и висината.

Во друга студија, кај дури 104 мажи од 200 не е пронајдена никаква поврзаност меѓу овие две големини. Заклучок? Гледајте во стапалата на потенцијалниот партнер, но само за да откриете какви чевли сака.

Сексот ви помага да ослабете 

Звучи невозможно, но само ако имате секс речиси секојдневно и ако трае подолго од просечниот однос (5 минути). Секост се смета за лесна до умерена физичка активност и за време на сексот може да се потроши меѓу 25 до 125 калории, така што ова тврдење е многу неточно.

Мажите мислат на секс на секои 7 секунди 

Тврдењето дека мажите помислуваат на секс на секои 7 секунди би значело дека тие помислуваат на секс повеќе од 6000 пати дневно, речиси секој пат кога ќе вдишат. Ова не само што во целост би ги полудело луѓето, туку тие не би биле способни да работат ништо друго освен да размислуваат за секс. Сепак точно е дека мажите почесто помислуваат на секс од жените.

Не е добро да се има секс пред спортување 

Многу спортисти немаат секс ноќта пред натпреварот бидејќи така наводно ќе имаат помалку сила и ќе бидат помалку агресивни и концентрирани. Сепак науката тврди дека поради реакции во организмот после секс, би било подобро спортистите да имаат секс пред натпревар. Во една студија спортистите имале поголемо ниво на тестостерон после секс отколку оние што воопшто немале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top