| четврток, 6 декември 2018 |

МНР на Албанија: Не се мешаме во внатрешните работи на Македонија

Во врска со прoтестната нота упатена до Албанија поради изнесени ставови и изјави за насилните протести организирани во Македонија по донесување на пресудата во случајот „Монструм“, на македонскиот амбасадор во Тирана, Стојан Карајанов, во албанското Министерство за надворешени работи му било кажано дека ставот на Албанија е на иста линија со загриженоста искажана од  меѓународниот фактор.

Albanija,Tirana, trg skenderbeg 0409 2008,snimioD.MILOVANOVIC

Македонскиот амбасадор бил повикан во МНР за да му се искаже жалење за недоразбирањата околу упатените пораки преку изјавите на албанските функционери. При тоа, како што стои во соопштението за јавноста, на македонскиот амбасадор „му била повторена загриженоста  за насилствата за време на протестите“.

– Албанија  останува ангажирана и секогаш на систематски начин ги подржува сувернитетот и територијалниот интегритет на Македонија. На амбасадорот му нагласивме дека овие изјави не може да се сметаат за мешање во внатрешните работи на Македонија. Тие се природен израз на загриженост за создaдената ситуација и во истовреме се порака за воздржаност и изнаоѓање решение, стои во соопштението на албанското МНР.

Република Албанија, се додава во соопштението, е заинтересирана за изградба на добри меѓусоседски односи со Република Македонија, засновани на меѓусебно почитување, а  Албанците од Македонија не се само мост на соработка, туку значаен  државотворен фактор со значајна улога во стабилноста на Македонија и регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top