Четириесет и шестгодишниот С.С.(46) од скопското село Бујковци вчера во полиција пријавил дека околу 17 часот на ул. „11 Октомври“, поточно во „Жена-парк“, додека седел на клупите со неговата пријателка, во еден момент им се приближил маж кој без повод и причина почнал да ги навредува со погрдни зборови, а во еден момент од појасот извадил нож на расклопување и со истиот се обидел да ги повреди.
По преземени мерки, приведено е лицето Ф.А.(54) од с. Кондово, Скопско, истиот при приведувањето пружал активен отпор и ја загрозувал безбедноста со опасно средство, при што е употребена физичка сила при неговото приведување.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


