Српскиот премиер Александар Вучиќ во интервју за американската телевизија Си-Ен-Би-Си изјави дека реформирањето на Балканот е „полошо од пеколот“.
– Кога ќе се обидете да спроведете какво било реформи, без оглед дали тоа се однесува на Србија, на Хрватска или на Босна, тоа ќе биде полошо од пеколот. Тоа е многу тешко, секако, но јас сум апсолутно посветен на тоа и одлучен и немам никаква дилема дека ќе бидеме многу успешни, истакна Вучиќ.
Тој истакна дека неопходните реформи за зголемување на компетитивноста долго време биле одложувани.
– Би рекол дека реформите ги одложувавме со векови иако станува збор за децении, посочи Вучиќ, додавајќи дека Србија не може да очекува оти се ќе биде завршено со помош на Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.