| четврток, 6 декември 2018 |

Што ги прави мажите несигурни

nezeliseks

 

Иако на жените им изгледа дека мажите се многу постабилни и дека цврсто стојат на своите нозе, вистината е сосема поинаква. И тие понекогаш се несигурни и имаат недостиг на самодоверба. Има многу работи што им влијаат на тој начин, а еве неколку од нив. 

– Некои мажи лошо се чувствуваат ако немаат набилдани раце, бидејќи им изгледа дека не покажуваат сила. А ако рацете им се и бледи и тенки, тоа ги прави многу несреќни. Среќа што тоа може да се реши со малку вежбање.

– Поранешните момчиња се исто така непријатели на самодовербата кај мажите. Тоа особено се истакнува ако се во сериозна врска, па се загрижени со кого нивната девојка ќе ги споредува.
– Постојат мажи што се несигурни во својата сексуалност повеќе од просечно и тогаш тие избираат девојки што немаат многу сексуално искуство. Ако во друштвото е девојка за која проценуваат дека имала повеќе мажи, тие веднаш се повлекуваат.
– Исто така ги плаши првиот секс со девојката и каков впечаток ќе остават, бидејќи често се многу трапави и со недостиг на комуникација.
– Губењето на косата кај мажите е една од најголемите ноќни кошмари, иако многу девојки го обожаваат тој стил.
– Според стереотипите во кои мажот го заработува лебот, многу момчиња понекогаш се грижат дали навистина треба така да размислуваат или да му се препуштат на модерниот начин на живот и да делат сè со партнерката.
– Се плашат од танцот. Тоа е болка на многу момчиња што не сакаат да се посрамотат на подиумот, а понекогаш тоа е едниствениот начин да дојдат до девојка.
– Еден од најпознатите стравови поради кои се чувствуваат лошо е оној кога влегуваат во врска што пребрзо оди кон сериозна.
– Кога планираат состанок со нова девојка, тешко им е да испланираат како да го направат тоа, а да не испаднат неспособни.
– Многумина ги измачува  кога да се јават или да испратат порака по првиот состанок, а тоа да не биде предоцна или прерано.
– Накрај, момчињата заклучуваат дека е многу тешко да ги задоволат девојките и да бидат вистински мажи. Од една страна чувствуваат дека од нив се бара да бидат чувствителни, нежни и брзи, а од друга страна токму тие карактеристики на жените им изгледаат како слабост наместо посакувани доблести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top