
5 авантури за една ноќ
Пет е бројката што мажите ја толерираат кога се работи за вашите авантури за една ноќ. Тие сфаќаат дека не сте калугерка и дека имате минато, но ако тоа подразбира бројка поголема од 5, можеби е подобро да му ја премолчите. Она што не го знае, не може да го повреди, нели?
36 – Ц
Ова е големината на градник што повеќето мажи ја сметаат за совршена. Но, не се возбудувајте ако оваа големина не е вашата. Вкусовите се различни, а и машкото фасцинирање од градите не значи дека ги воодушевува само една големина. Тие се воодушевени од градите без разлика во која големина се.
16 години
Иако мажите немаат ништо против врска со помлада или со постара жена, разликата од 16 години им звучи прифатливо, без разлика дали се работи за жена што е 16 години помлада или постара од нив. Сето тоа звучи прифатливо сè додека не се работи за маж од 30 и девојче од 14 години.
2 состаноци
Би требало да одите на два состанока пред да му се вовлечете в кревет. Ако завршите в кревет пред тоа, може да ве гледа како жена со сомнителен морал, а ако чекате предолго, може да се исплаши дека нешто не е во ред со него. Ако излезете двапати, па дури потоа спиете заедно, ќе изгледате како квалитетен материјал за сериозна врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


