| четврток, 6 декември 2018 |

Пенелопе Круз со огромен труднички стомак (фото)

Актерката Пенелопе Круз ги изненади сите на плажата во Тенерифе, каде што се појави со труднички стомак и со кратка коса.

Но, сето тоа е заради потребите на филмот „Ма Ма во Шпанија“ кој оскаровката деновиве го снима на Тенерифе.

pen.jpg500

Оваа мајка на две деца во целост се посвети на улогата. Новиот филмски ангажман од неа бара носење лажен труднички стомак.

Пенелопе во филмот ја игра Магда, жена која се соочува со големи трагедии, но и моменти на среќа. Тој сплет на добри и на лоши моменти го одбележува филмот. Актерката е и продуцент на ова остварување.

2pen.jpg500

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top