| четврток, 6 декември 2018 |

САД: заради кратењето на буџетот, затворениците на улица (ВИДЕО)

Американскиот оддел за домашна безбедност почна да ослободува стотици илегални имигранти кои ги држеше во локалните затвори во пресрет на автоматско намалување на буџетот, пренесува американскиот Фокс Њуз. Овој потег шерифот на Аризона го нарече политички мотивирани и опасен. Во една област во Аризон службите за имиграција и царина пуштиле над 500 затвореници викендот, додека се планира да се ослободат околу 10 илјади нелегални имигранти, меѓу нив и криминалци.  Од Аризона ова го опишуваат како „масовно буџетско помилување“  и додаваат дека „ Обама никогаш не би ослободил 500 кривични илегалци на улиците на неговиот роден град, но тој нема проблем со ослободување во Аризона. Безбедноста и владеењето на правото се отфрлени како политичка тактика во оваа битка“.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top