– Извикувањето на џихад и таканаречената Голема Албанија нема никаква врска со наводно загрозените права на Албанците во Македонија – изјавил во интервју за франкфуртски „Вести“, Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија и додал дека привилегиите и правата кои ги уживаат во Македонија, Албанците не ги уживаат никаде на друго место во светот.
– Не можам да се оттргнам од впечатокот дека Албанците и натаму можат да мислат дека можат неказнето да убиваат. Како инаку да се објасни ладнокрвното одземање животи и за тоа да не се одговара. Мене ова не ми лични на борба за независно судство или заштита на правата на Албанците, туку на борба и понатаму под меѓународно покровителство да се користи дозволата за убивање – рекол Стоилковиќ.
Тој рекол дека во минатите неколку денови имало протести на граѓани од албанска националност, незадоволни од пресудата за шесторицата нивни сонародници, осудени на доживотни казни затвор поради убиството на пет Македонци, додавајќи дека иако најавен како мирен граѓански протест против одлуката на Апелациониот суд, овој собир се претворил во насилна парада на радикалниот ислам со џихадистички и екстермистички мотиви. Сепак, според Стоилковиќ, охрабрува фактот дека демонстрантите немаат поддршка на албанските политички субјекти, барем не отворена, ниту од Исламската верска заедница, како ни меѓународниот фактор.
– Освен тоа, Албанците кои навистина излегоа на мирен граѓански протест, сфатија дека се злоупотребени и веќе не сакаат да излезат на улица. Познато е дека официјалната политика на Албанците во регионот се противи на радикалниот ислам и дека е за НАТО, така да сметам дека овој излет е „завршен“ – рекол Стоилковиќ.
Владата на Македонија, според неговите зборови, во оваа пригода покажала решителност и висока подготвеност да ги брани граѓаните и институциите од радикалното насилство.
– Доколку е во прашање инфилтрација на радикалниот ислам меѓу Алабанците во Македонија, тоа не е само проблем на македонската држава, туку глобален на кој мораат да реагираат светските сили. Затоа е неопходно во оваа ситуација сите, првенствено соседните држави, да ѝ пружат помош на македонската влада, која постапува внимателно и со најголема будност ја следи сиутацијата во државата – нагласил Стоилковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија