Популарниот пејач Џастин Бибер е осуден на две години условна казна, за вандализам бидејќи фрлал јајца на куќата на соседот.
Популарниот тинејџерски идол беше уапсен во јануари на Флорида додека возел изнајмено „ламборџини“ под влијание на алкохол. Уапсен е само една недела откако полицијата ја пребара куќата на Бибер во Лос Анџелес бидејќи со пријателите фрлал јајца на куќата на соседот. Бибер тврдеше дека е невин.
Во Канада е обвинет за малтретирање на еден возач на лимузина. Судот на Лос Анџелес одреди дека Бибер мора да плати 80.900 долари отштета на соседот, а се договорил и за две години условна казна.
Освен тоа, тој ќе мора да одработи 12 недели психолошко советување поради агресивност и пет дена општествено корисна работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.