| четврток, 6 декември 2018 |

Спанко на бејзбол меч бара отштета од 10 милиони долари

Навивач што заспа за време на бејзбол дербито меѓу Њујорк јенкис и Бостон ред сокс бара отштета од 10 милиони долари. Ем си дремна, ем бара огромен надомест и ексертите велат дека има правна основа да ги добие парите.

Ендрју Ректор има 26 години и на 13 април си задрема на бејзбол мечот, а фотографиите и снимките како спие станаа хит на Ју тјуб. Мечот го пренесуваше реномираната „ЕСПН“ телевизија, а дуото коментатори Крук и Шулман се потсмеваа со него. Сега тие се на листата тужени странки од Ректор, а со нив во судница ќе бидат и претставници на Јенкис како организатори на мечот и раководството на професионалната бејзбол лига во САД, популарната МЛБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top