Сексапилната гевгеличанка, која секојдневно објавуваше разголени фотки на социјалните мрежи и ги полнеше насловните страници низ весниците со шокантни изјави, решила драстично да го промени животот.
Според „Вечер“, причина за повлекувањето од јавноста на Александра Накова е нејзиното момче, поранешниот кошаркар Никола Гајдаџиев, кој тврдат блиски пријатели на двојката, ја условил манекенката да бира меѓу кариерата и него.
Имено, на Никола му пречеле работните активности на неговата сакана, па поради тоа, барал од неа да се повлече од јавниот живот. Со оглед на фактот дека манекенката во буквална смисла на зборот пропадна во земја, повеќе од очигледно е дека изборот паднал на Никола.
Нејзините профили на социјалните мрежи веќе подолго време се блокирани, а телефонскиот број кој ѝ беше познат на нашата редакција, повеќе не постои.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.