| четврток, 6 декември 2018 |

Компанија од САД планира да вработи 1.000 лица од Македонија

Компанија од САД, која котира јавно на берза и е мулти-национален контакт центар со повеќе од 12.000 вработени, и во моментов работи во пет различни земји во светот, планира да отпочне со работа во Република Македонија. Компанијата планира да вработи 1.000 лица, кои ќе бидат ангажирани за корисничка и техничка поддршка на големи компании од САД кои се глобални лидери во своите индустрии, објави Факултети

 лап

Во огласот на компанијата се вели:

Претставништвото на компанијата во Македонија ќе работи на поддршка на корисниците во САД, со работно време адаптирано на клиентите од САД. Неопходна е способноста за читање, пишување и зборување на англиски јазик. Потребно е познавање на работа со компјутери. Бруто плата: 29.334 денари.

На нововработените лица ќе им биде обезбедена платена обука од 8 – 10 недели со цел да ги научат основните вештини за грижа на корисници, како и специфични тренинзи за продуктите на клиентите.

Придружете ни се на саем на кариера!

9ти јули 2014 година
од 11.00 до 19.00 часот

Хотел Холидеј Ин
ул. Моша Пијаде број 2
1000 Скопје

Повеќе информации и аплицирање онлине на следниот линк:
http://siva-ph.jobstreet.com/_ads/ph/jobs/2014/6/new/c/80/4854073.htm

Ве очекуваме со писмо за мотивација и Ваша биографија на англиски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top