| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто е добро да се биде во врска со оженет маж?

ljubov

Ако сте во потрага по искрена врска на долга патека со човек што ве разбира и е подготвен сосема да ви се посвети, тогаш излегувањето со разведен маж е вистинското решение за вас.

Ова се некои вообичаени причини зошто разведениот маж е идеален избор за сериозна врска. Следните пет причини можеби ќе ве изненадат.

1. Тој не е промашување. Можеби направил некои грешки во претходниот брак. Свесен е дека од сето тоа излегол како губитник и подготвен е реално да ги согледа работите и во следниот обид за одигра правилно.

2. Тоа е лице со тежина на грбот. Можеби бил повреден и поради тоа знае како е да се чувствува така. Тоа ќе го натера да биде внимателен кога се работи за вашите чувства и срце.

3. Разведениот маж разбира како е да се биде во посветена врска полна компромиси. Неговиот отпор кон обврските на бракот веќе го скршила друга жена и на вас ви останува значително полесна работа.

4. Од бракот излегол како човек што научил да комуницира. Постои шанса за време на бракот да посетувал терапевт (а можеби и по него) и да научил што значи да се остварува комуникација со партнерот и да се ценат неговите чувства.

5. Има уште една работа за која можеби не сакате да размислувате, но од која можете да извлечете корист. Тој ве разбира. Тоа е затоа што бил во барем една долга врска и имал работа со туѓи чувства, проблеми и емоции. Со искуството доаѓа и разбирањето. Со други зборови, еднаш веќе научил што значи да се смири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top