| четврток, 6 декември 2018 |

Солзите на ослободениот слон (видео)

Слонот Раџи помина 50 години окован во синџири и злоставуван. Беше во сопственост на зависник од дрога, кој го користел за покрај него да питачи.

Тепан и изгладнуван уште од времето кога бил бебе, уловен во дивината. Бил принуден да јаде хартија и пластика за да го наполни желудникот. Околу нозете му биле поставени синџири со шилци, кои му оставиле длабоки рани и поради кои се разболел од артритис. Константно трпел болки.

Но, на целата таа мака и ужас сега најпосле и дојде крајот: во храбра ноќна акција од  заробеништво го спасиле членовите на Одделението за заштита на околината во Утар Прадеш, минатиот четврток, а во помош пристигнала и полицијата. Насилниот сопственик се обидел да го спречи ослободувањето на Раџи, додавајќи уште окови на неговите нозе и најмување луѓе кои го блокирале патот на спасувачкиот камион, јави британскиот весник „Индепендент“.

Експертите со часови се обидувале да ја придобијат довербата на животното со овошје и охрабрување додека најпосле не го преселиле во возилото и го одвеле на безбедно место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top