| четврток, 6 декември 2018 |

Поплавата во Србија однесе над 810 милиони евра

poplava_srbija_0Директната штета од катастрофалните поплави кои неодамна ја погодија Србија изнесуваат 810,1 милиони евра, додека губитоците изнесуваат 661,9 милиони евра, се наведува во официјалниот извештај за проценката на штетата од поплавите кој го усвои Владата на Србија, а кој ќе биде претставен на донаторската конференција во Брисел на 16 јули.

Извештајот, во кој увид имал Танјуг, покажува дека вкупната штета и губитоците од оваа природна катастрофа изнесуваат 1,53 милијарди евра. Две третини од тој износ отпаѓаат на производствените сектори, каде проценетата штета и губитоци изнесуваат 1,07 милијарди евра. Голема штета и губитоци се регистрирани во земјоделството 107,9 милиони евра, односно 120,1 милион евра, а потоа следуваат трговијата со штета од 169,6 милиони и губитоци од 55, 2 милиони евра. Голема е штетата и во социјалниот и инфраструктурниот сектор.

Потпретседателот на српската Влада Зорана Михајловиќ вели дека извештајот ќе биде претставен на донаторската конференција во Брисел и оти тоа ќе биде можност сите заинтересирани да помогнат.

– Веќе имаме донатори и во овие два месеца и донаторски пари. Тука, сосем сигурно, се и парите од кредитот, кои ќе се пренасочат за поитни проекти за патната и железничката инфраструктура, изјави Михајловиќ за Танјуг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top