| четврток, 6 декември 2018 |

Порошенко врши чистка во украинската Служба за безбедност

Украинскиот претседател Петро Порошенко го именуваше Василиј Грицак на местото нов шеф на антитерористичкиот центар во националната Служба за безбедност.

petar-porosenko-polaze-zakletvu-foto-ap-1402308454-512355

Грицак е именуван и за прв заменик шеф на националната Служба за безбедност, јави Итар-тасс.

Врз основа на претседателски декрети од тие функции е сменет Василиј Крутов кој беше на функција од средината на април.

Порошенко сменил уште неколку лица во Службата за безбедност, но не се наведени детали.

Во Киев вчера беше соопштеное дека претседателот Порошенко има детален план за „ослободување на Доњецкиот басен од терористи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top