| четврток, 6 декември 2018 |

Рита Ора во врска со проблематичниот син на Томи Хилфигер

rita-ora-style2
Рита Ора (23) има нов дечко. Пејачката неодамна раскина со диџејот Келвин Харис, но сега е се поблиска со Рики Хил, 24-годишниот син на американскиот моден дизајнер, Томи Хилфигер. Рики се повеќе време минува во Лондон за да биде со Рита, а видени се и како се држат за рака.

– Рики дојде во Европа, за поголем дел од летото да помине со Рита. Едноставно си се бендисаа кога се запознаа и таа го повика да и се придружи. Сакаат да видат во која насока ќе се движи нивната врска, а засега одлично се забавуваат – открил извор.

Иако пејачката е пресреќна, нејзините пријатели не се баш задоволни со нејзиниот избор и тоа заради минатото на избраникот, кој е познат како лошо момче, а посебно заради апсењето за поседување канабис во 2010 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top