Денеска на пладне на кејот на реката Вардар кај Градскиот парк во Скопје, и официјално беше отворен новиот скејт-парк. На отворањето присуствуваа премиерот Никола Груевски и скопскиот градоначалник Коце Трајаноски.

Љубителите на акробациите и екстремното возење на велосипеди, ролери и скироли уште пред официјалното отворање му се израдуваа на новите рампи.

Секоја вечер оваа паркче е полно со скејтери, луѓе на ролери и БМХ-велосипеди кои за првпат добија свое катче во градот каде може да ги испробаат своите вештини.

Скејт паркот е со димензии 50 на 15 метри, и треба да има девет елементи на асфалтна подлога изработена според бараните карактеристики за овој вид спортови, кои ќе им овозможат на граѓаните да се рекреираат и да се забавуваат во овој скејт парк со ролерки, скироли и БМХ-велосипеди.

Елементите се изработени од водоотпорен шперт, врз кој е поставена пластична нелизгава фолија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


