| четврток, 6 декември 2018 |

Кинески милијардер целото богатство ќе им го остави на сиромашните (ФОТО)

Ју Пенгијан од Хонгконг, според тестаментот, целото свое богатство од околу 1,3 милијарда долари, како и недвижностите на фондацијата што го носи неговото име, ги дал во добротворни цели, а ниту еден дел од парите не ги оставил за неговите деца.

milijarderpic

Пенгијан (88) некогаш бил сиромашно момче, а потоа станал еден од најбогатите луѓе во Кина и живеел живот каков што многумина посакуваат.

Дел од богатството ќе се намени за стипендирање талентирани домашни студенти кои не можат самите да си го дозволат школувањето, а остатокот за обнова од земјотресот во 2008 година.

Навистина голем дел од парите тој сака да се искористат за операции на катаракта, со што и самиот имал проблеми.

На прес-конференцијата за тестаментот, Пенгјан изјавил дека сето свое богатство, кое се проценува на 1,2 милијарда долари, ќе го даде во добротворни цели.

– Моите деца не се противеа на оваа идеја. Доколку се способни, не им се потребни моите пари – изјавил тој.

Пенгјан е првиот Кинез што донирал повеќе од 1 милијарда долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top