| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска нема да ја спречува Србија на патот за влез во ЕУ

josipovic

Претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ, нагласува дека Загреб нема да ја сопира Србија на патот кон Европската унија и оценува дека присуството на германскиот канцелар Ангела Меркел на состанокот на лидерите на ЈИЕ, на 15 јули во Дубровник, покажува поддршка за проширување на ЕУ.

Во интервју за „Новости“, пред третиот состанок Брдо Бриони процес, Јосиповиќ вели дека доаѓањето на Меркел значи дека Европската унија сака да продолжи со ширење на Балканот.

Јосиповиќ нагласува дека хрватскиот Сабор донел декларација со која „јасно укажува за тоа дека соседите нема да се уценуваат и сопираат во нивните напори за влез во ЕУ“. Тој нагласи дека решавањето на отворените прашања ќе биде важно за оцена на исполнување на условите.

Хрватскиот претседател смета дека главната порака на собирот во Дубровник ќе биде дека ЕУ целиот регион го смета за дел од Европа и дека иднината на сите држави во регионот е во ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top