
Ако сѐ уште не го познавате доволно, постојат некои работи што можат многу да ви кажат за него. За да ги дознаете, не е потребно со него да поминувате повеќе време – постојат милион мали работи што ќе ви откријат многу. Затоа внимавајте на деталите.
Неговиот стил на пишување
Дали на пораката ви одговара со еден збор или со цел текст? Користи скратеници или сленг, или пишува правилно? Верувале или не, овие работи многу зборуваат за човекот. Тоа покажува колку е подготвен да ве импресионира и колку време одвојува за вас.
Неговиот стил за мода
Дали носи тренди-облека или обични маици? Неговиот стил го покажува неговиот начин на однесување и тоа секогаш го покажува на посебен начин. Дали носи лежерна облека или брендирана? Набљудувајте го малку, неговиот стил многу ќе ви каже за него.
Неговиот музички вкус
Кои песни најмногу ги сака? Музички пејач што го слуша може многу да ви каже за него, како и неговите омилени песни.
Неговите омилени работи
Вашите омилени работи се прозорец на вашата личност. Омилената книга, филм, цитати… тие се показател на она што ви се допаѓа. Исто така е и со мажите. Најдрагите работи се огледало на неговата душа и увид во неговиот карактер.
Неговата улога во семејството
Дали е тој единец? Има ли сестри за кои морал да се грижи? Неговото место во семејството многу зборува за неговата личност. Дали е научен да ги презема одговорноста и грижата? Или е привилегиран и размазен? Секое семејство е поинакво, но знаејќи каде се вклопува тој ќе ви помогне да ја сфатите неговата улога.
Неговата смисла за хумор
Внимавајте на работите на кои се смее. Ако има мрачна смисла за хумор, можно е да има и циничен поглед кон светот. Ако сака детинести шеги, можеби е незрел. Не мора да ве смејат исти работи, но тоа ви зборува многу за тоа како се смеете и на што.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


