Еднокрантите пластични ќеси, лесни се и практични, а покрај тоа и економична амбалажа во која можеме да ги ставиме купените производи, а најчесто ги користиме само еднаш и потоа ги фрламе.
Речиси е невозможно да се избегне секојдневната употреба бидејќи ги добиваме бесплатно во продавниците за храна, во млечните ресторани, аптеките…
Производителите често тврдат дека уделот на пластичните ќеси во вкупната количина на отпадот е занемарлив, но поради својата долговечност, неконтролираното фрлање, стана преголема опасност за околината и живиот свет.
Од Фондот за заштита на околината на Ф БиХ истакнуваат дека проблемот со пластичните кеси може да се реши со зголемување на нашата свест за тоа да носиме торби и веќе заборавените повеќекратни хартиени кеси при купување, да бираме производи спакувани во материјали кои можат да се рециклираат и како такви повторно да се употребат.
– Без оглед на нивото на еколошката свест, сите се согласуваат околу тоа дека пластичните кеси претставуваат голем еколошки и естетски проблем. Иницијативата да се забрани користење на пластичните кеси во продавниците се прошири до таа мера, па многу земји во светот веќе одамна воведоа строга контрола и посебен данок на пластичните кеси, а со цел да се намали нивната употреба.
Вкоренетата навика во однесувањето најтешко се менува
Истражувањата покажаа дека просечниот век на користење на тенка пластична кеса е 12 минути, а потоа најчесто завршува во природата или на некоја друга депонија.
Се оценува дека во БиХ годишно се употребуваат и фрлаат повеќе стотици милиони пластични кеси, податоци се од Центарот за цивилни иницијативи ЦЦИ, што БиХ ја прави најзагадена земја со пластични кеси во околината.
Основна цел за воведување на данок на ќесите е ставање акцент на она што е непосакувано – од една страна, да доведе до тоа граѓаните да ги користат во помал број, а од друга страна да се влијае на трговците да се определат за алтернативни решенија кои нема да се даночат како што се биоразградувачки кеси, хартиени кеси, платнени торби итн. Со воведување на надомест за пластичните кеси трговците се оптоваруваат минимално, се дестимулираат граѓаните за користење на пластични кеси и воедно се заштитува природата и околината – ни рекоа во Фондот за заштита на околината на БиХ.
Дали ќе не натера законот или не, поентата секогаш останува во одговорното однесување со отпадот. Секако ги повикуваме големите трговски ланци, малите продавници и сите кои можат да се препознаат да поведат сметка, биоразградливите кеси како и трајните платнени торби да бидат што подостапни на купувачите, апелираат од Фондот.
Владата на Федерацијата БиХ донесе Закон за надомест за пластичните ќеси, со кој на трговците регистрирани на подрачјето на Ф БиХ се пропишува пресметувањето и наплатата на надоместот, висината и начино на пресметувањето и плаќањето на надомест за пластичните ќеси ставени во промет.
Тое плаќаат надомест на Фондот за заштита на околината на ФБиХ поради ставање во промет на пластични кеси и тоа два пати годишно, врз основ на извештајот за количината на пластичните ќеси ставени во промет, на формулар кој го пропишува Фондот. Средствата собрани по тој основ ќе се дистрибуираат исклучиво за проекти за собирање на пластични кеси и други видови на пластичен отпад, како и за проекти за санација на негативните последици од нивната употреба по природата и околината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.