| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието го промени законот за избори – опозицијата може да се кандидира за локалните

Собранието на Македонија во чија работа од 24 декември не учествуваат пратениците на опозицијата по денешната дебата во која учествуваат  пратеници од ВМРО – ДПМНЕ , ДУИ и опозиционите партии на Албанците ги изгласа промените на изборниот законик според кои сите што не поднесоа кандидатски листи за градоначалници и советници во законскиот рок ќе можат тоа да го сторат до 3ти март.

Со ова се создаваат услови на локалните избори да учествува и опозициониот „Сојуз за иднината“ кој засега одбива таква опција.

Според неофицијални информации од таборот на СДСМ градоначалникот на Струмица Зоран Заев веќе пристигнал во Скопје и на своите сопартијци им најавил дека тој на барање на поддржувачите во Струмица и покрај одлуката за бојкот на неговата партија сепак размислува да се кандидира на локалните избори во новиот пролонгиран рок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top