| четврток, 6 декември 2018 |

Нова грешка на CNN – Славјанск го смести на Крим

Некогаш влијателната американска телевизиска мрежа CNN во серијата грешки за кои дојде во ударните вести на медиумите, во вторникот извештајот за влегувањето на украинските сили во источниот град Славјанск, го илустрираше со карта на којашто градот е сместен во црноморскиот полуостров Крим, кој во март преку референдум на мнозинското руско население се присоедини кон Русија, што западот го смета за руска анексија на украинска територија.
Грешниот графички приказ беше искористен за време на извештајот за влегувањето на украинските сили во источните градови Славјанск и Краматорск од кои по тримесечна опсада беа напуштени од проруските бунтовници. Двата града се наоѓаат во Донецкиот регион во пошироката област Добнас во источна Украина кон границата со Русија, а растојанието меѓу двата града изнесува 18 километри. Во прилогот Славјанск, град со 130 илјади жители, е прикажан како селото Раздолное во северозападен Крим, на растојание од 450 километри од Краматорск.
На крајот од мај CNN, исто така, имаше гаф во извештај во врска со Славјанск, кога објави снимка од настан во Сирија кој се одиграл пред половина година со кој го илустрираше уривање на хеликоптер на украинската армија крај побунетиот Славјанск, кога загинаа 14 војници, меѓу кои и генерал-мајорот на Националната гарда на Украина, Сергеј Кулчицки.
Претходно, исто така, во мај, CNN безуспешно се обиде да ги исплаши корисниците на својот портал iReport, кој всушност е своевидна социјална мрежа, со крајот на светот, при што во написот беше наведено дека гигантски астероид ќе се судри со Земјата, и тоа на 35-ти март 2041 година.
Статијата беше објавена под лозинката Мarcus 575 и за помалку од ден имаше 250 илјади прегледи. А во неа се зборуваше дека астероид со димензии колку њујоршки Менхетен се движи кон нашата планета со огромна брзина, оти се наоѓа на 51 милиони километри од Земјата, како и дека детали ќе бидат објавени кога ќе бидат познати. Во текот на истиот ден написот беше отстранет, а се појави соопштение на CNN дека американската вселенска агенција NASA ја демантирала оваа информација.
Пред неколку месеци CNN со дозволи темелна географска грешка, на местото на Украина прикажувајќи ја територијата на Пакистан, како што пред крајот на минатата година на географската мапа кинескиот мегалополис Хонгконг го помести во Јужна Америка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top