| четврток, 6 декември 2018 |

Утре ќе се прска против комарци во Струга

Општина Струга утре ќе врши теристичка аеросолна дезинсекција против комарци. Дезинсекцијата, како што соопшти општинската прес-служба, ќе се врши од 22 до 6 часот наредниот ден, во специфични проблематични точки на целата територија на општината.

– Пчеларите да преземат мерки за заштита на пчелите во периодот на прскање, апелира општина Струга, нагласувајќи дека препаратот не е штетен за луѓето, животните и водата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top